Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ е новиот селектор на Македонија: Сите ќе дишеме како еден, само тоа е патот кон успехот!

Објавено

на

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација и официјално доби нов селектор, а тоа е тренерот на Игокеа, Драјан Бајиќ.

Бајиќ е изборот на нашата федерација за наследник на Александат Тодоров кој не водеше во  квалификациите за пласман на Европското првенство, мисија која заврши неуспешно затоа што ние не успеавме да дојдеме до собирот на најдобрите на стариот континент.

Поради ова од куќата на кошарката се одлучија за промена, ново име и изборот падна врз 47-годишниот Бајиќ кој година со Игокеа е најпријатното изненадување во АБА лигата.

-Чест да се биде селектор на една репрезентација, а јас ја имам честа да ја водам Македонија. Драго ми е што луѓе како Антиќ и Гечевски кои како играчи имале врвни тренери, решија да ме изберат мене за нов селектор. Имам доста голема енергија и желба да направиме добра работа заедно.

-Би сакал да останам десет години. Рано е да се зборува за детали, меѓутоа сите играчи ќе добијат шанса да играат и ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто од сите. Како тренер барам да бидеме како семејство и да дишеме како еден, затоа што само тоа е патот кон успехот, -порача Бајиќ за кого првиот предизвик ќе бидат претквалификациите за Светското Првенство 2023.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни