Поврзете се со нас

Франција

Галтие прецртал седум ѕвезди на ПСЖ, клубот ќе се обиде да ги продаде ова лето

Објавено

на

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие дал зелено светло да бидат продадени дури седум ѕвезди од актуелниот ростер на клубот.

Францускиот стратег се согласил да бидат продадени играчи кои заработуваат многу, а нема да придонесат во тимот за следната сезона.

Според медиумите во Франција, Галтие посочил дека во неговите планови не се Андер Ерера, Јулијан Дракслер, Мауро Икарди, Тило Керер, Идриса Гана Геје, Абу Диало и Лајвин Курзава.

Повеќето се со активни договори и ПСЖ ќе се обиде да ги продаде и да заработи на нив, а со парите кои ќе ги добие ќе се обиде да ангажира уште неколку фудбалери кои ќе ги побара 55 годишниот стратег кој вчера и официјално го замени Маурисио Покетино на клупата на „светците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни