Поврзете се со нас

Франција

Галтие откри која голема ѕвезда на ПСЖ најпријатно го изненадила: Станува збор за голем професионалец

Објавено

на

Кристоф Галтие го презема ПСЖ изминатово лето и заедно со Кампос се погрижија за неколку важни промени во првиот тим, но сепак не се оствари онаа која најсилно ја најавуваа француските медиуми на стартот на летниот преоден рок.

Многумина прогнозираа дека Нејмар е прецртан од Галтие и Кампос и дека тој ќе биде продаден, но не само што не се случи тоа, туку тренерот на ПСЖ сега има и навистина големо мислење за Бразилецот кој со своите потези во минатото, често беше нарекуван и непрофесионалец.

Честите повреди, отсуствата за време на роденденот на неговата сестра и слични работи правеа Нејмар да добива жестоки критики за својот пристап во Париз, но Галтие сега тврди дека токму Бразилецот е ѕвездата од која е најпријатно изненаден во првиот дел од сезоната.

– Нејмар пристигна во тимот на 4-ти јули, беше фит и подготвен за тренирање. Првите неколку дена не зборував со него, само го опсервирав и анализирав што прави. Првото интеврју го имавме на подготовките во Јапонија.

– Навистина пријатно ме изненади, му реков дека сум среќен што ќе бидам негов тренер. Нејмар кој јас го запознав е многу професионален, секогаш доаѓа подготвен на сесиите, доаѓа рано на тренинг и не пропушта ниту еден, – вели Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни