Европски првенства
Франција ја декласира Холандија, Шпанија поуспешна од десеткуваната Германија

Репрезентацијата на Франција одигра доминантен натпревар против досегашното изненадување на Европското првенство, Холандија, и ја совлада со убедливи 34:24.
„Триколорите“ уште еднаш на дело покажаа дека се меѓу фаворитите за освојување на златниот медал на континенталниот собир не дозволувајќи Холандија во ниту еден момент да го загрози резултатот на средбата.
Французите до победата на овој натпревар стигнаа најмногу благодарение на Емерик Мин кој беше одлично расположен постигнувајќи осум погодоци, додека на пет застана Николас Турна. Кај „лалињата“ најефикасни беа Смитс и Бајенс со по четири постигнати погодоци.
„Црвената фурија“ пак славеше очекувана победа против десеткуваната Германија која сериозно е погодена од коронавирусот сред настапот на Европското првенство.
Шпанија славеше сo 29:23 останувајќи на првата позиција на новоформираната табела.
Екс вардарецот, Хорге Македа со шест погодоци беше прв стрелец во репрезентацијата на Шпанија, додека Соле и Касадо застанаа на пет погодоци.
Во селекцијата на „панцирите“ најефикасни со по четири гола беа Јоханес Гола и Патрик Цикер.
-
Англијапред 24 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 14 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 16 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 6 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)