Поврзете се со нас

Олимписки игри

Франција и Шпанија се први полуфиналисти на ракометниот турнир во Токио

Објавено

на

Франција и Шпанија се првите полуфиналисти на ракометниот турнир на Олимписките игри, откако ова утро излегоа како победници во четвртфиналните дуели со кои беше отворена програмата.

„Триколорите“ беа уверливи и го декласираа Бахреин со 42:28 во натпревар кој во ниту еден момент не беше неизвесен, но за разлика од првиот меч, оној меѓу Шпанија и Шведска понуди се она што треба да понуди еден елитен меч.

Швеѓаните беа подобри во голем дел од мечот, го диктираа ритамот и се чинеше дека се многу блиску до победа откако на средина на вториот дел имаа предност од четири разлика, но после тоа следеше огромен пад и неверојатна игра на Шпанците.

„Фуријата“ направи извонредна серија од 8:1, па така од минус четири, дојде до позитива од плус три на неколку минути до крајот и истата не ја испушти.

Швеѓаните се изборија за подостоен пораз до крајот од 34:33, но во полуфиналето патува Шпанија благодарение на фуриозната завршница во која пристигнуваа голови од сите страни. Гомез со осум гола беше најефикасен Шпанец, а по пет постигнаа Ентрериос и Душебаев.

Шпанија во полуфиналето го чека победникот од дуелот меѓу Данска и Норвешка, а Французите ќе играат или со Германија, или со Египет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни