Поврзете се со нас

Англија

Формација 4-5-1: Како Арсенал може да изгледа во нареднава сезона (ФОТО)

Објавено

на

Премиерлигашот Арсенал имаше исклучително лоша сезона во која не успеа да обезбеди место во Европа во наредната кампања, односно завршу дури на осмата позиција во Премиер лигата.

Ова дефинитивно е уште еден удар за клубот од северен Лондон кој од година во година има се поголеми проблеми без разлика на тоа што одвреме навреме може да освои некој трофеј во ФА Купот или Комјунити Шилд.

Ваквите резултати го ставаат и тренерот Микел Артета под притисок, па затоа се очекува клубот да биде поактивен на пазарот и доведе неколку играчи со кои ќе може да биде далеку поконкурентен. Секако дел од играчите ќе си заминат, но поинтересно е кои фудбалери ќе бидат нови засилувања и затоа угледниот „Мирор“ направи листа на неколку имиња и како „топчиите“ би можеле да изгледаа во натпреварувачката 2021/2022.

Како засилувања се споменати голманот Андре Онана од Ајакс, потоа англискиот репрезентативец Бен Вајт, потоа Рубен Невеш од Вулверхемптон и Мартин Одегард кој би останал во сегашната средина, поточно не би се вратил во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни