Поврзете се со нас

Италија

Фонсека: Милан е во криза? Не верувам во тоа, тие имаат…

Објавено

на

Утре од 20:45 часот се игра дербито на колото во Серија А, а во истото актери ќе биде фудбалерите на Рома и Милан.

Ова се два тима кои сезонава високо котираат на табелата, „волчицата“ е на 4 место со 44 бода, додека „росонерите“ се втори со 49 поени што секако е најава за одлична битка на „Олимпико“. Рома во актуелнава сезона се единствениот тим без пораз на домашен терен и тој учинок сака да го сочува, па не верува во „приказните“ за криза кај противникот кој во последно време нема баш посакувани игри, резултати и го загуби првото место во лигата.

-Тие имаат одлична сезона, можеби не се баш најдоби во последно време, но ги гледав сите нивни натпревари. Ако го гледавте нивниот пораз од Интер, ќе знаете дека тие играа добро, создадоа шанси и перформансите не се различни, само резултатите.

-Не верувам во оваа таканаречена криза во Милан. Она што го видов е силна и агресивна екипа што создава можности за гол. Тие во моментов не ги добиваат резултатите на кои се надеваа, но тие се состав кој сака да победува, -истакна тренерот на Рома, Пауло Фонсека.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни