Поврзете се со нас

Германија

Флик го надмина Гвардиола и оствари историски рекорд во Бундеслигата (Фото)

Објавено

на

Пеп Гвардиола постсави нови стандарди во Баерн Минхен и Бундеслигата со својата етапа во клубот, а иако многумина сметаа дека негвоите рекорди ќе траат многу долго, фантастичниот Ханси Флик веќе урна еден навистина уникатен резултат.

Тренерот кој требаше да биде привремено решение се претвори во спасител на Баерн Минхен, улога која ја оправда и по рестартот на Бундеслигата во кој баварците делуваат навистина застрашувачки.

Покрај тоа што го добија директното дерби со Борусија Дортмунд, Баерн победи и на останатите три натпревари, вклучувајќи го и оној денешниот со Фортуна Дизелдорф. На истиот, Баерн постави неколку фасцинантни остварувања, но победата од 5:0 посебно ќе ја памети тренерот Флик поради рекордот кој го постави.

Предводникот на Баерн стана тренерот со најдобар старт во историјата на Бундеслигата, такашто на своите први 25 натпревари оствари 22 победи.

Оваа статистика ја нема никој остварено од почетокот на Бундеслигата во 1965-та година, а до денеска, прв на листата беше Пеп Гвардиола со 21 победа на првите 25 меча во германската елита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни