Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флик доби шокантно прашање откако неговиот Баерн и одржа историска лекција на Барса

Објавено

на

Ханси Флик не можеше да го крие задоволството по крајот на четвртфиналето во Лисабон и нагласи дека импресивното издание на Баерн Минхен тешко може да се опише со зборови, но исто така, беше и доста претпазлив за она што го чека неговиот тим во полуфиналето.

И покрај нестварната победа од 8:2 над Барселона, Флик е свесен дека во полуфиналето може да налета на многу силен тим како Манчестер Сити, состав кој утре сепак ќе треба да ја оправда фаворитската улога против Лион.

– Ова беше неверојатен натпревар. Многу сме среќни и задоволни, но ова не е крајот. Не станавме шампиони, знаеме дека може се да се случи до крајот. Многу сме задоволни за иданието вечерва, но од утре ќе ги полниме батериите за полуфиналето. Ова вечерва беше импресивно, но тоа останува зад нас.

– Мора да се концентрираме за следниот противник кој ќе го дознаеме утре. Ќе се подготвиме на најдобар можен начин, како што тоа го направивме за Барселона. Знаеме дека ќе ни биде многу тешко против следниот ривал во полуфиналето, – изјави скромниот Флик, кој во продолжение беше шокиран од новинарот, кој го запраша што може да подобри Баерн после оваа победа.

– После победа од 8:2, мислам дека нема потреба да одговорам на вакво прашање. Сите аспекти се позитивни. Пресингот беше извонреден, враќањето на топката во наш посед, тоа беа работи кои сакавме да ги направиме и ги доведовме до перфекција оваа вечер, – додаде Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни