Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен се закани дека ќе си оди од Ф1 ако се остварат најавените промени: Се губи поентата на спортот!

Објавено

на

Макс Ферстапен на доминантен начин стигна до пол-позицијата рано утрово во Мелбурн, но за време на обраќањето пред новинарите, испратил порака со која јасно ставил до знаење дека нема долго да седи во Формула 1 доколку продолжат со промени на правилата и менувањето на ДНК-то на овој спорт.

Стефано Доменикали како главен оперативец на Ф1 на стартот на оваа седмица најави дека планира да укине дел од петочните тренинзи и истите да ги замени со дополнителен број спринт трки, возбудувања кои ќе го направат овој спорт уште поинтересен за фановите, но ќе ги направат работите пеколно тешки за возачите.

Ферстапен прв го крена гласот и најави дека нема да биде долго во „најбрзиот циркус“ ако се продолжи со надополнување и на онака згуснатиот распоред, па од првите луѓе на спортот побара да не ја менуваат суштината и ДНК-то на Ф1.

– Јас се надевам дека нема да дојде до такви промени, бидејќи во спротивно, јас нема да бидам во Ф1 уште долго. За мене такви промени немаат логика и не ми се допаѓаат новите идеи. Ако така го згуснат распоредот, викендите ќе станат преинтензивни, а веќе и онака сме максимално оптеретени. Јасно ми е дека на Формула 1 и е во интерес цел викенд да се случува нешто, но сметам дека мораме да го задржиме форматот според кој важни се само сабота и недела. Доаѓаат сезони во кои ќе имаме по 24 и 25 трки во година и ако тоа се натрупа со мали спринт трки, мене тоа веќе нема да ме интересира. Нема да уживам и нема да бидам долго тука.

– Во спринт трките целта е да преживеете и нема смисла да се ризикува болидот на таа трка. Јас би ги задржал најдобрите перформанси за недела, за главната трка. Спринт трките не се во ДНК-то на Формула 1. Поентата на овој спорт е издржливоста на долга неделна трка и не треба да ја менуваме нашата ДНК, – завршува Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни