Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд: На Јунајтед му се потребни уште три стартери за да се бори за титулата!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед се прикажа во уште едно фантастично голгетерско издание, па уверливата победа од 5:2 над Бурнмаут секако ги задоволи сите фанови на клубот од „Олд Трафорд“ кој сериозно влезе во битката за пласман во Лигата на шампионите.

Јунајтед нависитна многу ветува со прикажаната игра и добрата конекција меѓу Бруно Фернандеш и Пол Погба на средината на теренот, но се позастрашувачки изгледа и напаѓачката тројка сочинета од Марсијал, Рашфорд и младиот Гринвуд кој не престанува да воодушевува.

Рио Фердинанд беше еден од оние кои имаше само пофални зборови за најновата претстава на тимот кој го предводи Оле, но исто така нагласи дека Јунајтед е пократок за три сериозни стартери за да влезе во шампионската битка со Ливерпул и Сити.

– Јунајтед изгледа навистина одлично, но потребни им се уште минимум тројца стартери. Дефинитивно им е потребен нов стопер кој поседува брзина. Многу се инвестираше во Мегваер, но тој не е играч чиј квалитет е брзината. Тој има други квалитети, но потребен му е брз стопер кој ќе може одлично да го покрива.

– Исто така, потребен е уште еден играч за врска кој ќе може да доминира на физички план и кој ќе ја разбира играта во одбраната. Скот МекТомине е фантастичен млад играч, но потребен е некој со поголемо искуство. За крај, сметам дека потребен е и уште еден напаѓач кој ќе биде конкуренција на тројцата во овој момент, – заврши Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни