Поврзете се со нас

Македонија

Феникс доведе уште еден Американец (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Феникс 2010 и понатаму продолжува да ги засилува своите редови за престојната сезона во која ќе настапува во најсилната кошаркарска конкуренција во нашата земја.

Составот на Феникс доведе уште еден американски интернационалец, бекот Ахмад Кларк. Ова за Кларк ќе биде прво искуство во Европа и во таборот на новиот македонски прволигаш се надеваат дека тој ќе се прикаже во најдобро светло и ќе помогне во остварување на зацртаните цели.

Претходни клубот ги доведе Борјан Стојановски, Двејн Морган, Михајло Арсоски, Павле Михајлоски и Куртис Џоунс.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни