Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Пред два месеци зборував со Ѓоковиќ…

Објавено

на

Рожер Федерер веќе подолго време е надвор од терените и дефинитивно нема да се врати до крајот на оваа календарска година, ама тоа не значи дека ги има прекинато контактите со своите колеги меѓу кои и со големите ривали како што е Новак Ѓоковиќ.

Швајцарецот откри дека пред два месеци се слушнал со Ѓоковиќ и притоа разговарале за продолжението на сезоната.

-Разговаравме пред околу два месеци. Разговаравме само за тоа кога повторно ќе започне сезоната и какви мерки ќе преземе АТП на турнирите. Многу работи се случуваат, многу тенисери не можат да обезбедат пари за живот, -истакна Федерер кој не даде поддршка за идејата на Ѓоковиќ за новата асоцијација на професионални тенисери која е независна од АТП.

Во однос пак на тоа како оди закрепнувањето по операцијата и кога може да се очекува кам-бек на терените, освојувачот на 20 грен слем титули порача:

-Постепено се враќам на теренот, без никаков притисок. Ќе учествувам на турнири кога ќе бидам 100 проценти подготвен. Веројатно ќе се вратам на Австралија опен, но тоа сè уште не е сосема сигурно. Се уште не можам да тренирам повеќе од два часа на теренот. Работам напорно, добро е што не чувствувам болка. Сигурно е дека повеќе нема да има операции, -порача асот од Базел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни