Поврзете се со нас

Олимписки игри

Федерациите се сплотија: Поднесено барање за Вонредно собрание во МОК и смена на Димевски

Објавено

на

Даниел Димевски раководи со МОК нешто повеќе од три години, но денеска и официјално се поднесе иницијатива за Вонредно Собрание и смена на актуелниот претседател на олимпискиот комитет.

26 национални Федерации од различни спортови и пет индивидуални членови од Собранието на МОК доставија барање за свикување на Вонредно Собрание, а воедно понудија и пет точки по кои треба да се води расправата.

Како што се вели во соопштението пренесено до сите македонски медиуми, иницијативата е поднесена согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за здруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија.

Барањето кое веќе е примено во архивата на МОК ги содржи следните точки на Дневен ред:

1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
5. Разно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни