Поврзете се со нас

Германија

Фавр искрен пред медиумите: Геце не се вклопува во актуелната формација

Објавено

на

Марио Геце е се поблиску до напуштање на Борусија Дортмунд, екипата чиј актуелен тренер смета дека поранешниот германски репрезентативец не се совпаѓа со неговата актуелна тактика.

Геце уште во јануари најави дека размислува да ја промени средината, за потоа престседателот на клубот Вацке да ја смирува ситуацијата со најавите дека играчот за врска може да потпише и нов договор со „милионерите“.

Но, тренерот Лусијан Фавр јавно потенцирал дека Геце не е во прв план затоа што не му одговара формацијата 3-4-3, која ја форсира Борусија.

– Во моментов играме 3-4-3, разговарав со Геце и тој е свесен дека тоа не е најидеалната формација за него.

– Понекогаш работите треба да се кажуваат искрено, но секако дека Геце може да се испроба на десната или левата страна. Сезоната е долга и мене ми се потребни сите фудбалери, – изјавил Фавр.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни