Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фантастичниот Митревски со одбрана пред звукот на сирената донесе бод за Порто во Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски имаше фантастична партија во дресот на Порто и беше најзаслужен што оваа екипа остана непоразена на гостувањето кај Флензбург (26-26) во рамките на 13. коло Лигата на шампионите.

Бундеслигашот важеше за фаворит на оваа средба, но домашните ракометари немаа одговор за нашиот Митревски кој имаше свој ден и ја спушти ролетната на голот на португалскиот првак.

Никола 35 отстотна успешност на одбранети удари или поточно 14 интервенции од кои последната беше пред звукот на сирената кога ја запре топката која ја испрати данскиот репрезентативец Менса Ларсен.

Инаку првото полувреме му припадна на Флензбург со минимални 14-13, Порто возврати во ист стил во вториот дел, па ремито се чини е најреален резултат на оваа пресметка.

Кога се во прашање стрелците кај германскиот тим се издвои Еинарсонсо 8 голови, додека на спротивната страна листата ја предводеше М’Бенгуе со 6 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни