Поврзете се со нас

АТП

Енквист: Синер е опасен, Ѓоковиќ го очекува тежок меч

Објавено

на

Се поблиску сме до самата завршница на Вимблдон, па така денеска се играат првите четвртфинални битки од кои едната е меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.

Тоа е дуел во кој Новак како бранител на пехарот е фаворит, но Италијанецот е добар, квалитетен тенисер кој во претходната рунда го реши Карлос Алкарас и сигурно ќе има што да каже и покаже во Лондон.

Своја анализа за овој меч даде Томас Енквист кој своевремено беше 4.тенисер на светот, па според него ќе има интересна борба во која фаворитот на крајот ќе го продолжи својот пат на Вимблдон.

-Синер е секогаш опасен затоа што има моќни удари. Сега е полн со самодоверба по победата над Алкараз и нема што да загуби. Ќе игра растеретено и ќе ризикува, а притоа ќе има моќни удари. Ќе биде тежок меч за Новак, но малкумина се оние кои можат да го пробијат Новак на основната линија.

-Ќе биде интересен натпревар, но јас велам Новак е главен фаворит. Тој е најбрз, одличен на контра, сервира и се движи неверојатно. Тој многу пати играл со тенисери како Синер на централниот стадион на Вимблдон, знае што треба да прави. Синер е одличен тенисер, но верувам дека Новак ќе победи, -порача Томас за „Спорт Клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни