Поврзете се со нас

Италија

Елмас јавно прозва свој соиграч: Се уште си ги чекам моите 500 евра….

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Елиф Елмас е подготвен за шампионска прослава и тоа самиот го порача по големата победа која ја оствари Наполи во Торино, натпревар на кој македонскиот репрезентативец ја запиша клучната асистенција.

Откако влезе во игра, Елмас го проигра Распадори во судиското продолжение и овој постигна гол за победа од 0:1, а неколку дена подоцна, македонскиот фудбалски „дијамант“ открива една интересна приказна поврзана со својот соиграч.

Елмас јавно го прозва Распадори да си остане на зборот и да му ги исплати 500-те евра кои му ги должи, пари кои треба да се заслуга за фантастичното додавање кое му го испорача на „Алијанц стадионот“.

– Секогаш му велам една работа на Распадори пред натпреварите. Ако денес ти дадам асистенција, ти ќе ми вратиш со 500 евра……

– Против Јувентус јас си ја завршив работата, го направив тоа, но тој се уште ми нема дадено 500 евра, – открива Елмас во интервјуто за „Радио Кис Кис“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни