Поврзете се со нас

Англија

Еден од најстандардните фудбалери на Челси и дефинитивно си оди од клубот

Објавено

на

Еден од најстандардните фудбалери на европскиот шампион, Челси, и дефинитивно ќе си оди од клубот во јанураи или по крајот на оваа сезона.

Станува збор за германскиот интернационалец, Антонио Ридигер кој ја одбил последната понуда од клубот за продолжување на соработката.

Од Челси му понудиле нов тригодишен договор со подобрени финансиски услови, но стоперот истиот веднаш го одбил со образложение дека сака нов предизвик во кариерата.

Веќе почнаа да се вртат шпекулации дека интерес за Ридигер има од таборот на ПСЖ кој се уште нема склопено стабилен дефанзивен бедем и покрај високите инвестиции во клубот.

Последното засилување меѓу стоперите, Серхио Рамос мака мачи со повредата на мускулот и уште никој не знае дали ќе може да го даде максимумот во слендиот перод.

Инаку, Челси ќе инсистира за продажба на Ридигер во јануари за да успее да заработи на неговиот трансфер, во спротивни тој ќе си замине како слободен агент во летниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни