Поврзете се со нас

Лига Европа

„Џокер“ за најавни шпици: Окампос влезе во игра и со две магии ги „збудале“ навивачите на Севилја (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Севилја како клуб докажа дека има специјална врска со Лигата на Европа, а во тоа се уверивме и оваа вечер на „Рамон Санчес Писхуан“.

Шпанскиот клуб е со една нога во осминафиналето на ова натпреварување, откако со сигурна игра и уверлив резултат успеа неочекувано лесно да се справи со ПСВ.

Холандскиот тим требаше да биде потежок испит за избраниците на Сампаоли, но такво нешто не дозволи „џокерот“ кој влезе во игра на стартот на вториот дел.

Лукас Окампос имаше неуспешна позајмица во Ајакс и се врати уште во јануари, а денеска му презентираше на Сампаоли дека сериозно може да смета на него до крајот на сезоната.

Најпрво постигна фантастичен гол од свртување за 2:0, а потоа елегантно и генијално го проигра со пета Гудељ кој постигна спектакуларен погодок за 3:0 и ерупција на „Рамон Санчес Писхуан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни