Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд продолжи да победува и ја презема лидерската позиција во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Борусија Дортмунд најмалку до утре ќе бидат на лидерската позиција во Бундеслигата, позиција која ја преземаа откако продолжија со победничката серија и го совладаа Хофенхајм на денешното гостување.

„Милионерите“ редат триумфи во сите натпреварувања во 2023 година, а најновиот дојде во лигата и тоа со голот на одличниот Брандт во 43 минута. Ројс ја имаше улогата на асистент, поточно по неговата топка Брандт стрелаше со грб на вистинското место.

Ова за Јулијан е четврти меч во низа на кој дава гол во Бундеслигата, серија која ниту еден играч ја нема во 2023 година.

Сега Дортмунд има 46 бода, три повеќе од Баерн и Унион Берлин кои утре се соочуваат во дербито на „Алијанц Арена“.

РБ Лајпциг со 2-1 беше подобар од Ајнтрахт Франкфурт, Херта и Вердер беа подобри од Аугзбург и Бохум, додека Волфзбург ја одбрани честа на гостите со славјето над Келн од 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни