Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд испушти шанса да го преземе првото место во Бундеслигата, гол шоу на Лајпциг (ВИДЕО)

Објавено

на

Борусија Дормунд продолжува да игра топло-ладно во Бундеслигата, па така попладнево ги разочара своите навивачите со поразот од Келн.

„Милионерите“ со триумф на денешниот меч ќе го преземеа врвот на табелата пред дербито со Баерн Минхен закажано за 8 октомври, но четата на Терзиќ загуби од „јарците“ иако водеше со 1-0 по првиот дел.

Домаќините во вториот дел направија целосен пресврт со погодоците на Каинц, Тигес и Љубичиќ за да во 78 Шмиц си даде автогол за конечни 3-2.

РБ Лајпциг пак на крилата на Вернер и Нкунку го уништи Бохум со 4-0. По два гола дадоа Французинот и Германецот, а Нкунку воедно промаши и пенал на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни