Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ со спектакуларни тројки ги уништи ѕвездите на Бостон (Видео)

Објавено

на

Бостон западна во резултатска криза во последно време и е далеку од тим кој го има осигурано плејофот, а Селтикси изминатава вечер добија дополнителна причина за грижи откако на домашен терен беа надиграни од Далас.

Гостите успеаја да остварат голема победа во „Ти-Ди Гарден“ благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ, кој и дефинитивно го поправи сегментот за кој самиот се критикуваше на стартот на сезоната.

Словенецот испорача 36 поени, 8 скокови и 5 асистенции во победата над Бостон од 108:113, а натпреварот го заврши со седум тројки од 11 обиди и буквално ги откажа домаќините со својата снајперска прецизност во тешки ситуации.

Дончиќ нареди неколку противнички играчи со својата „степ-бек“ техника и беше најзаслужен за големата победа на Далас во која Брансон и Порѕингис постигнаа по 21, односно 19 поени.

НБА резултати:
Детроит – Портланд 101:124
Индијана – Мајами 87:92
Бостон – Далас 108:113
Бруклин – Хјустон 120:108
Мемфис – Јута 107:111
Минесота – Њујорк 102:101
Оклахома – Торонто 113:103
Сан Антонио – Сакраменто 120:106
ЛА Лејкерс – Милвоки 97:112
Феникс – Чикаго 121:116

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни