Поврзете се со нас

Италија

Документите се подготвени за потпис: Четвртото големо засилување за Алегри пристигна во Торино (Видео)

Објавено

на

Јувентус имаше разочарувачка сезона и за првпат после долго време остана без еден освоен трофеј, што беше јасен сигнал дека е потребна мала реконструкција на тимот кој лани го презема Макс Алегри.

Втората етапа на Алегри во Торино почна доста потурбулентно од првата, па откако изминатава зима беше направена трансфер бомба со Душан Влаховиќ, ова лето следеа нови четири големи засилувања.

По Пол Погба, Анхел Ди Марија и Глејсон Бремен, Јувентус ги договори сите детали и за Филип Костиќ, Србинот кој беше избран за најдобар играч во Лигата на Европа минатата сезона.

Крилото вчера не играше против Реал Мадрид поради остварениот договор меѓу Јувентус и Ајнтрахт Франкфурт, а утрово веќе слета во Торино за да се комплетира трансферот вреден околу 18 милиони евра.

Костиќ пристигна со насмевка на лицето, па откако ќе ги мине задолжителните медицински тестови, ќе стави потпис на договорот со „старата дама“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни