Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски и Димитриевски искомбинираа четири гола против финалистот на Лигата на Европа

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски со нивниот Валјадолид направија изненадување и го совладаа Гранолјерс со 24-23 во последното 30. коло во АСОБАЛ лигата.

Домашниот тим губеше со пет разлика на полувреме (11-16), но по паузата се сменија улогите на теренот, избраниците на Писонеро „газеа“ на двете страни и направија голем пресврт и дојдоа до триумф против финалистот на Лигата на Европа!

Македонските интернационалци дадоа по два гола, најефикасен беше Тарсисио со пет гола.

Гарсија пак со пет погодоци беше прв стрелец кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни