Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ најдобар во првата победа на Валенсија во шпанската лига

Објавено

на

Македонскиот кошаркар, Нено Димитријевиќ се истакна во победата на неговиот нов тим, Валенсија над Манреса.

Валенсија ја искористи фаворитската улога и со убедливи 89:69 славеше против Манреса за прва победа во шпанскиот шампионат oткако во првото коло беа поразени од Басконија.

Димитријевиќ зад своето име запиша 17 поени со три погодени удари за два поени, една погодена тројка и осум погодени слободни фрлања.

На поентерскиот скор, нашиот интернационалец додаде и шест асистенции надополнети со два скока.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни