Репрезентација
Димитријевиќ: Ќе го дадам максимумот за да им помогнам на соиграчите во Скопје, да го одбраниме домашниот терен

Ненад Димитријевиќ е еден од тројцата важни репрезентативци кои нема да можат да и помогнат на репрезентацијата во Тбилиси, но затоа членот на Валенсија се надева дека ќе ги искористи претстојните неколку дена за да се подготви за вториот меч кој се игра во нашата земја.
Димитријевиќ е веќе во Скопје и со мислите насочен кон вториот натпревар кој го играме против Грузија во македонската престолнина, пресметка која е закажана за 27 февруари во „Борис Трајковски“.
Популарниот Нено има доста проблеми со повреди од стартот на сезоната, но вети дека ќе се обиде да ја санира последната за да им помогне на репрезентативците на домашен терен против Грузијците.
– Сезонава имам повеќе проблеми со повредите и затоа одиграв помал број натпревари и за Валенсија. Но, кога веќе дојдов тука ќе го дадам максимумот за да бидам подготвен за вториот натпревар со Грузија. Овие два натпревари се многу важни за нас, особено тој во Скопје.
– Треба да го одбраниме домашниот терен и да продолжиме да работиме за следните натпревари со Украина. Во професионалната кошарка нема млади и стари играчи, има само добри и лоши. Не чувствувам никаков притисок кога го носам националниот дрес, среќен сум што ме сметаат за лидер на оваа генерација, – потенцира Димитријевиќ.
-
Англијапред 21 час
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 14 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 14 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 21 час
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 21 час
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 23 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)