Поврзете се со нас

Шпанија

Депај: Поразот од Баерн беше разочарувачки, ама Барса ќе се бори за сите титули

Објавено

на

Барселона се подготвува за лигашкиот предизвик против Гранада, но во исто време има простор се уште да анализира, сфати што им се случи на дуелот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, средба на која шпанскиот вицешампион беше инфериорен, надигран во сите елементи и сегменти.

Каталонците секако дека се разочарани од резултатот како и од целото издание, но според Мемфис Депај ова е пораз од кој мора да научат затоа што верува дека екипата поседува квалитет за да биде во игра за сите титули во оваа сезона.

-Резултатот против Баерн очигледно беше разочарувачки. Мораме да учиме од поразот и сите да се движиме во иста насока за да ги свртиме работите. Цврсто верувам дека ќе најдеме начин да се бориме за сите титули оваа сезона. Ние сме Барселона и сакам да му помогнам на клубот да ги смени работите, -вели Холанѓанецот кој допрва го очекува најдоброто и од себеси.

-Добро започнав. Но, морам да продолжам. Мислам дека не сум достигнал врвот. Се чувствувам добро, во форма. Сакам да продолжам да напредувам. Сакам да продолжувам да постигнувам погодоци и да асистирам, -порача деветката на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни