Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис го претстави големото засилување, па му се закани на досегашниот напаѓач: Ќе ја грееш клупата цела сезона!

Објавено

на

Аурелио Де Лаурентис беше брутално искрен како и обично по историскиот трансфер кој го реализираше Наполи во текот на денешниот ден, па покрај тоа што говореше за квалитетите на Виктор Осимен кој ќе ги чини „наполитанците“ 80 милиони евра, претседателот на клубот испрати и јавна закана до Аркадиуш Милик.

Полјакот одбива да го продолжи договорот со Наполи и очигледно има цел да си замине ова лето, но Де Лаурентис денеска нагласи дека клубот нема одреди попуст за негово заминување, па доколку не пристигна прифатлива понуда, тој ќе ја мине цела сезона на клупата за резерви поради лошиот однос.

– Милик од почетокот е на трансфер пазарот. Откако го знам овој човек, постојано му велам да му го продолжиме договорот. Наместо да каже нешто, тој само ме гледа и не одговара ништо.

– Во ваков случај, мора да прифатите дека треба да си оди од тимот, – вели Де Лаурентис, кој сепак нагласува дека нема да го пушти по секоја цена.

– Милик ќе си оди ако има највисока понуда, нема да даваме попуст на никого. Ако не си замине, ризикува да остане во Наполи и да не биде селектиран од тренерот, – нагласи Де Лаурентис.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни