Поврзете се со нас

Свет

Данците најавуваат крај на една ера: Хансен утре ќе испорача ракометна „бомба“

Објавено

на

Foto:instagram.com/mikkelhansen24

Микел Хансен во месец јануари стана најдобриот голгетер во историјата на Европските првенства, но како што стојат работите, данскиот „бомбардер“ ги игра последните месеци од својата кариера.

Данскиот медиум „ТВ2“ денеска ексклузивно пренесува дека Хансен утре ќе испорача ракометна „бомба“ на вонредната прес-конференција која ја закажа неговиот клуб Алборг, а која ќе се одржи во 12:30 часот попладне.

Познатата телевизија открива дека Хансен одлучил да стави крај на својата богата играчка кариера, што автоматски значи дека во наредните месеци ќе ги гледаме последните танци на еден од најголемите ракометари во историјата.

Планот е на утрешниот прес да ја соопшти својата одлука за ракометно пензионирање, кое ќе го официјализира по крајот на Олимпискиот турнир во Париз.

Како што стојат работите, Хансен и Никола Карабатиќ ќе се збогуваат од ракометот истовремено, а со тоа ќе се стави крај на една ера во која уживаа фановите повеќе од две децении.

Хансен со години наназад е лидер на данската ракометна репрезентација, со која освои три светски злата, едно европско и едно олимписко злато.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни