Поврзете се со нас

Европски првенства

Црна Гора го предизвика фаворитот, но Данска е прв патник во финалето

Објавено

на

Данките први отпатуваа во голеото финале на Европското ракометно првенство кое се игра во три земји, откако оваа вечер најдоа решение за храбрата Црна Гора која претходно воодушеви на последниот меч во Скопје.

Црногорките имаа голема желба да се надигруваат со фаворитките, но добрата игра само на стартот на двете полувремиња сепак беше недоволно за сензационален пласман на завршниот меч.

Црна Гора правеше убави серии во почетните 10 минути во првото и второто полувреме, меѓутоа за да и се парира на Данска, потребна е константна игра во 60 минути, што вечерва сепак не беше случај.

По водството од 6:3 на Црна Гора, Данска се врати во игра и на полувреме имаше предност од 14:10, па иако Црногорките со серија стигнаа до 14:14, потоа следеше нов пад и одлепување од страна на фаворитките.

Со конечните 27:23, Данките го заверија својот билет во големото финале, во кое ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Норвешка и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни