Светски првенства
Циндриќ: Јас го предупредив Червар, ама тој ме вклучи во составот

Лука Циндриќ е еден од најдобрите хрватски ракометари, но како што стојат работите тешко дека тој ќе може да им помогне на сонародниците за преостанатите предизвици на Светкото првенство.
Членот на Барселона играше во првата средба против Јапонија, ама на истата ја обнови повредата на препоните. Некои медиуми деновите пренесоа дека ситуацијата не е страшна и дека Лука би можел да се врати во селекцијата, меѓутоа тоа е малку веројатно.
-Веројатно ќе треба да направам некои терапии, тоа е сигурно. Не можам да кажам ништо до утре додека не видиме што и како понатаму, – започна Циндриќ и ја раскажа хронологијата на настаните со повреда на препоните.
-Уште на подготовките пред средбата со Јапонија ја чувствував таа препона. Јасно му кажав на селекторот дека ме боли и оти не сум 100 проценти подготвен. Тој реши да ме вклучи во составот. Се обидов да играм колку што можам, но по 40 минути игра почувствував поголема болка и тоа е тоа, -рече бекот и додаде:
-Чувствував притисок цело време во текот на играта, а не болка, не знам како тоа да го објаснам. Не знам кој е виновен, а кој не. Глупаво е да се каже дека играчот одлучува дали да игра или не. Јас сум секогаш на располагање. Јас посочив дека не сум 100 процентен подготвен и тоа е тоа, -порача Хрватот преку РТЛ.

- Италијапред 21 час
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 20 часа
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 19 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 22 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 18 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 20 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 18 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 17 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч