Поврзете се со нас

Англија

Челси се избори за бод против ВБА (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Челси успеа да се спаси од пораз и да освои бод на вечерашното гостување кај Вест Бромвич во Премиер лигата.

„Сините“ важеа за огромни фаворити против избраниците на Славен Билиќ, но клубот од Лондон на крајот треба да биде среќен што се избори за реми од 3-3 со оглед на тоа што по првите 45 минути губеше со 3-0.

Домаќините знаеја како да ги искористат сите слабости во играта, одбраната на Челси, па Робинсон (2) и Бартли донесоа водство од 3-0 по само 27 минути игра. На фаворитот му требаше време да се созема, возврати, па тоа почна да го право во второто полувреме и тоа преку Маунт кој во 54 минута со одмерен удар намали на 3-1.

Во 70 Хадсон-Одои даде уште еден гол за гостите, резултат кој беше активен се длабоко до судиското продолжение кога Абрахам се најде на вистинското место по ударот на Маунт и одбраната на Џонстоун и одблиску ја смести топката во неговата мрежа.

Четата на Лампард сега има победа, пораз и реми по првите три кола, следниот тест е против Кристал Палас на „Стемфорд Бриџ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни