Поврзете се со нас

Англија

Челси го испрати талентираниот Хадсон-Одои во Бундеслигата

Објавено

на

Калум Хадсон-Одои е еден од новата генерација на аглиски фудбалери кои поседуваат голем потенцијал и квалитет, но тој не успеа докрај да се доискаже во Челси поради големата конкуренција и сега ќе добие можност да си ја врати кариерата на вистински пат во Германија.

„Сините“ од Лондон му дозволија на Калум да направи трансфер во Баер Леверкузен кој беше во потрага по офанзивец по повредите на Карим Белараби и Амине Адли. Хадсон-Одои ќе ја мине оваа сезона на позајмица во бундеслигашот што значи ќе има доволно можност да покаже што знае и умее како некои други фудбалери кои дојдоа во ова првенство од островот како Санчо, Белингем…

-Преселбата во Гермнија е возбудлива за мене, а и ќе можам да играм во ЛШ. Таа комбинација е навистина привлечна и сакам да го запознаам клубот, навивачите и Бундеслигата. Каи Хаверц ми кажа само добри работи, -истакна 21-годишниот Калум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни