Поврзете се со нас

Формула 1

Чеко Перез најави повлекување од Формула 1 ако се остварат најавените промени

Објавено

на

Се погласно се зборува дека од Формула 1 планираат дополнително да го зголемат натпреварувачкиот календар со тоа што ќе додадат неколку нови трки.

Во актуелната сезона има 23 трки, а голема е веројатноста во наредниот период тој број да се зголеми, нешто на што се побунија повеќе пилоти.

Додека првите луѓе на најбрзиот мото циркус во светот бараат начин како да вметнат нови трки во календарот, дел од возачите веќе почнаа да го креваат својот глас. Прв со јавен коментар излезе Серхио Перез од Ред Бул кој најави напуштање на Формула 1 доколку се случи тоа.

– Знам дека побарувачката е голема, но премногу трки е неприфатливо, барем за мене. Имаме симулаторски сесии пред секоја трка, а има и дополнителни настани со партнерите.

– Практично немаме слободно време за себе и семејството. Имам две мали деца и мислам дека ќе престанам да возам доколку календарот дополнително се прошири, -истакна Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни