Поврзете се со нас

Лига Европа

Чави го најави дербито: Очекувајте спектакл против Јунајтед

Објавено

на

foto: https://twitter.com/fcbarcelona_cat

Денешниот фудбалски ден ни нуди пресметки во Лига Европа и Конференциската Лига на УЕФА со тоа што дефинитивно дербито се игра на „Камп Ноу“ каде силите ќе ги одмерат Барселона и Манчестер Јунајтед.

Ова се два големи клуба, тима кои заслужуваат вакви пресметки да имаат во Лигата на шампионите, но годинава ќе мора да се соочат во натпреварување кое е ранг подолу од истото, меѓутоа тоа не значи дека нема да видиме фудбал од кој ќе бидат задоволни сите фанови.

-Тоа ќе биде голем натпревар, спектакуларен дуел за сите љубители на фудбалот. Двата тима се во добра форма. Ама никој не може да го нарече овој натпревар од Лигата на шампионите, затоа што играме во Лигата на Европа. Не очекува тежок меч. Јунајтед има доста квалитет, тие се брзи во транзиција, физички многу силни,-рече тренерот на каталонците, Чави Ернандес и додаде:

-Мислам дека конечниот победник ќе биде познат, ако нема изненадувања, по реваншот следната недела на „Олд Трафорд“. Ништо нема да се одлучи во првиот натпревар. Штета што реваншот нема да го играме на домашен терен, -порача Шпанецот кој говореше и за колегата Ерик Тен Хаг.

-Го промени лицето на тимот. Беше тешко, но успеа. Начинот на кој сака да игра неговиот тим доволно говори за него. Тој е напаѓачки тренер и пример за сите оние кои сакаат таков фудбал. Тен Хаг е одличен тренер, -заклучи Ернандес.

Денешната средба започнува во 18:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни