Поврзете се со нас

Евролига

Центарот кој со Антиќ освојуваше евролигашки титули: Мајсторка ќе ја одлучи пресметката меѓу Реал и Партизан

Објавено

на

foto: www.facebook.com/OlimpiaMilano1936

Наредната седмица започнува плејоф фазата во Евролигата, односно ќе гледаме четвртфинални битки по кои ќе ги добиеме учесниците на завршниот фајналфор.

Паровите за четвртфиналето се Монако-Макаби Тел Авив, Реал Мадрид-Партизан, Барселона-Жалгирис и Олимпијакос-Фенербахче, односно овие се двојки кои треба да донесе многу борба, неизвеснот, драма.

Токму таква е и прогнозата на искусниот Кајл Хајнс кој има освоено четири трофеи во Евролигата од кои два заедно со Перо Антиќ во 2012 и 2013 година во Олимпијакос. Големиот борец смета дека на три од четирите пресметки ќе има пет натпревари, поточно мајсторка ќе го решава патникот во полуфиналето.

-Реал е еден од екипите со најширок состав во Евролига, тие се создадени за оваа серија. Еден од проблемите на Партизан во текот на сезоната беше тоа што немаат длабок состав. Од друга страна, Реал има многу играчи, многу оружја и многу сегменти од играта каде што можат да направат предност, -истакна Хајнс образложувајќи ја својата прогноза од 3-2 за „кралевите“.

-Барса ќе го добие Жалгирис во првите два натпревари, а потоа Жалгирис ќе извлече една победа на домашен терен на емоции, пред Барселона да ја затвори серијата. Олимпијакос ќе го добие Фенер со 3-2, јас му дадов на Фенер две победи поради искуството на тренерот Итудис, тој знае како да го води тимот на вакви натпревари, секогаш да направи вистински план и да се оствари. Во серијата Монако и Макаби, Мајк Џејмс ќе биде клучен фактор за победа од 3-2. Тој во плејофот е различен играч, тој ќе биде концентриран. Ќе биде еден од неговите моменти, -порача членот на Армани Милано.

Плејоф натпреварите започнуваат на 25 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни