Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бронза за „зебрите“: Кил направи кам-бек и го победи Веспрем во пенал рулетот

Објавено

на

Веспрем го продолжи своето проклетство на завршните турнири во Келн уште вчера со поразот во полуфиналето, но денеска не успеа да се избори ниту за третото место во Европа.

Унгарскиот тим кој на драматичен начин ја загуби титулата во домашното првенство вчера испушти предност во полуфиналето со Кјелце, а денеска не му беа доволни ниту четири гола позитива по 30 минути.

Веспрем беше далеку подобар ривал во првиот дел и на пауза замина со 18:14, но потоа повторно се опушти, следеше пад, а тоа знаеја како да го казнат упорните Германци кои и се изборија за пресврт.

Кил влезе со предност од 34:33 во последниот напад на мечот, но Веспрем се избори за пенал и реализацијата на Мае го однесе мечот за третото место во завршницата од седум метри.

Во лотаријата, поумешни беа Германците, односно херој одново беше Ландин кој одбрани два пенали (еден удар заврши во гредата) и Кил победи со 3:1 во рулетот за конечна победа од 37:35 и освојување на бронзениот медал.

Билик и Винчек со по седум реализации беа клучни за враќањето на Кил, шест гола реализираше Зарабец, додека најефикасен на мечот беше Омар од редовите на Веспрем со осум погодоци.

Подоцна во 18:00 часот денеска се игра големото финале во „Ланксес арена“, во кое силите ќе ги одмерат Кјелце и бранителот на титулата, големата Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни