Поврзете се со нас

Англија

Брендан Роџерс импресиониран од работата на Арсенал: Секој може да го види тоа

Објавено

на

Стратегот на Лестер Сити, Брендан Роџерс упати пофални зборови за работата на Арсенал на трансфер пазарот.

„Топчиите“ одлично се покажаа во овој преоден рок и донесоа играчи кои му беа потребни на Микел Артета и кои значително го подигнаа квалитетот на тимот.

Тоа го воочи и Роџерс кој со својот Лестер загуби од Арсенал со 4:2 во натпревар кој беше одличен за гледање поради отворениот фудбал на двете страни. Стратегот ги пофали „топчиите“ за ангажманот на Жезус, Зинченко и Салиба.

– Секој може да види, кога ќе донесете играч од светска класа како Жезус,  тоа е засилување кое нуди нов квалитет, но и кое пренесува нешто на останатите фудбалери. Го донесоа и Зинченко, кој исто така дојде од победничка средина во која секојдневно играше со најдобрите. Тренираат како кучиња и мора да бидат на најдобро ниво за да се носат со останатите од тимот.

– И младиот Салиба се врати и игра навистина, навистина добро. Не го имав видено откако имаше 18 години. Тоа што донесоа тројца нови играчи во првиот тим прави голема разлика. Посебно кога тие играчи се квалитетни, -заклучи Роџерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни