Поврзете се со нас

Германија

Борусија се враќа во игра за пласман во Лигата на шампионите, Чурлинов и Штутгарт не успеаја против Волфсбург

Објавено

на

Екипата на Борусија Дортмунд славеше победа од 2:0 против тимот на Унион Берлин и со тоа ги остави во живот шансите за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

„Милионерите“ постигнаа по еден гол во двете полувремиња. Прво Марко Ројс ја затресе мрежата на противничкиот тим, за во вториот дел  гол да постигне и Рафаел Гереро. Претходно во првиот дел, Ерлинг Халанд не успеа да реализира удар од белата точка.

Со оваа победа Борусија доаѓа до 52 поени, четири помалку од Ајнтрахт Франкфурт кој е на четвртата позиција на табелата во Бундеслигата.

Дарко Чурлинов на денешната средба против Волфсбург доби нешто повеќе минути од тренерот на Штутгарт, Пелегрино Матарацо.

Чурлинов влезе во игра при резултат 2:0 за противничкиот тим и не успеа да му помогне на својот тим кој на крај загуби со 3:1 и веќе врза три порази во серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни