Поврзете се со нас

Светски првенства

Богдановиќ: Јокиќ ни испраќа пораки по секој натпревар

Објавено

на

Селекцијата на Србија избори пласман во големото финале на Светското првенство и тоа откако во полуфиналето и одржа лекција на фаворизираната Канада.

Србите славеа со 95-86 и со Германија ќе се борат за златото на овој турнир кој се одржува во Филипини, Индонезија и Јапонија. Лидер на оваа генерација е Богдан Богдановиќ кој мораше да преземе поголем товар со оглед на многуте откажувања од националниот тим од кои најболно за нашите соседи е она на Никола Јокиќ кој реши да земе одмор по тешката сезона во НБА лигата.

Имаше и се уште има многу критики на адреса на ѕвездата на Денвер Нагетс, ама тој внимателно ги следи сите натпревари.

-Јокиќ ни праќа пораки по секој натпревар, -обелодени Богдановиќ на кого му е драго што оваа група дојде до самиот крај на Мундобаскетот.

-Тоа отвори можност за некои други момци. Никој не треба уморен да доаѓа на натпреварување. Ако можеш – можеш. Ако не – не можете. Тоа е фер и професионално. Ги почитуваме сите што дошле и кои не дошле. Сè уште сме пријатели, ги сакаме сите и сите ни се потребни. Среќен сум што секој одговори на задачите, момците тоа го гледаа како можност, а не како притисок. Имате само неколку шанси да играте на Светското првенство, а ова е најдобрата група на играчи со кои некогаш сум работел, -порача Богдан за „Јурохупс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни