Поврзете се со нас

Балкан

Бламажата на Партизан донесе и вирален хит од Србија: „Вип-ложата“ во Сремска Митровица (Фото)

Објавено

на

Партизан ова попладне доживеа едно од најголемите понижувања од своето постоење, бидејќи загуби од српски второлигаш на начин кој тешко се опишува со зборови.

Фудбалскиот великан од Белград имаше водство на гостувањето во Сремска Митровица кај Раднички до 92-та минута со голот на Андраде, но не успеа да се одбрани докрај и прими гол во судиското продолжение.

Маринковиќ го однесе мечот во пенал завршница, а таму го видовме сиот очај кај фудбалерите на Партизан, кои не успеаја да реализираат ниту еден удар од 11 метри.

Четирите промашувања на „црно-белите“ го направија Раднички сензационален победник во првата рунда во Купот на Србија, а елиминацијата на Партизан доби уште поголемо значење кај нашиот сосед, и поради една фотографија која стана вирална.

Малиот стадион во Сремска Митровица не можеше да ги задоволи сите локалци, па еден од нив се погрижил за своја „вип-ложа“, користејќи скала за да гледа преку оградата…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни