Поврзете се со нас

Англија

Биелса и официјално повеќе не е тренер на Лидс

Објавено

на

Тоа што се шпекулираше предмалку доби и официјална потврда, Марсело Биелса повеќе не е тренер на Лидс.

Популарниот „Ел Локо“ си заминува од клубот кој успеа да го врати во Премиер лигата, а лани да обезбеди одлично деветто место на првенствената табела.

Сепак, оваа година тимот игра доста полошо од лани и се наоѓа во долниот дел од табелата, па ќе го очекува борба за опстанок до крајот на првенството.

Англиските медиуми веќе го посочија Џеси Марш како најсериозен кандидат за наследник на Марсело Биелса кој и покрај заминувањето од „Еланд Роуд“ ќе остане култна личност во овој клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни