Поврзете се со нас

НБА

Беверли: Ако Леброн каже дека ќе игра, тогаш сите ќе играме

Објавено

на

Оваа сезона во НБА лигата треба да продолжи на крајот на наредниот месец во Орландо и тоа со учество на 22 клубови, но ситуацијата во Соединетите Американски Држави во овие моменти е далеку од идеална, има масовни демонстрации против расизмот и бруталноста на полицијата, па веќе дел од ѕвездите лобираат за бојкот на кампањата.

Таков е случајот со Кајри Ирвинг, Двајт Хауард… кои сметаат дека фокусот треба да биде на решавање на проблемите кои во моментов се актуелни, па останува да видиме како на крајот ќе се затвори ова прашање.

Ирвинг лобира кај НБА ѕвездите за бојкот на сезоната

Хауард: Има многу поважни работи од НБА лигата, не треба да има кошарка се додека не го решиме главното прашање

Според плејмејкерот на ЛА Клиперс, Патрик Беверли завршниот збор ќе го има најголемата ѕвезда во лигата, Леброн Џејмс.

-Кошаркари кажете што и да сакате. Ако Леброн каже дека ќе игра, тогаш сите ќе играме. Ништо лично, само бизнис, -порача Беверли на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни