Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг лобира кај НБА ѕвездите за бојкот на сезоната

Објавено

на

Кајри Ирвинг е главна ѕвезда во Бруклин во отсуство на Кевин Дурант, но лидерот на Нетси сега се најде во фокусот поради веста која ја пренесе „Атлетик“.

Угледниот магазин потенцира дека Ирвинг се противи за продолжување на сезоната во НБА лигата, не поради страв од коронавирусот, туку поради расистичките немири кои настанаа во оваа земја.

„Атлетик“ тврди дека Кајри лобира кај играчите да се изврши бојкот на оваа сезона и да нема рестарт во Орландо, град кој треба да биде домаќин на преостанатиот дел од натпреварувачката кампања.

– Не го поддржувам заминувањето во Орландо. Не мислам дека постои системски расизам, но сепак нешто ми „мириса“. Повеќе сакам да се насочам кон социјалните реформи, – им порачал Ирвинг на своите колеги од НБА лигата за време на двочасовната видео конференција која ја имале пред неколку дена.

За разлика од него, голем дел од останатите играчи потенцирале дека е време за враќање на терените, бидејќи кошарката и НБА возбудувањата можат да ги смират страстите, но и немирите кои владеат во Америка по бруталното убиство на Афроамериканецот, Џорџ Флојд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни