Поврзете се со нас

НБА

Хауард: Има многу поважни работи од НБА лигата, не треба да има кошарка се додека не го решиме главното прашање

Објавено

на

Вчера американските медиуми пренесоа дека Кајри Ирвинг лобирал кај играчите да се бојкотира рестартот на сезоната во НБА лигата, сето тоа како последица на немилите случувања кои пристигнуваат од улиците во Америка.

Во Соединетите Американски Држави владее вистински хаос по бруталното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, па нетрпението на расна основа е многу поизразено и секојдневно се гледаат страшни и вознемирувачки сцени.

По барањето на Кајри, сега се надоврза и ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард кој вели дека тие не треба да претставуваат предмет за забава на нацијата во ситуација кога има многу поважни работи за решавање.

– Се согласувам со Кајри. Во моментот кошарката не е неопходна, забавата со нас ќе биде само повод за дефокусирање. Секако, ова не може да ги дефокусира играчите, но имаме ресурси што повеќето во заедницата не можат да си ги дозволат. Не би сакал ништо друго освен да ја освојам титулата во НБА, но во моментов е поважно да се обединам со мојата заедница.Тоа е поголемата титула.

– Европската колонизација ни ја одзема нашата богата култура и се уште има време да размислиме за тоа. Колку помалку дистракции има, толку повеќе можеме да се концентрираме на самите себе. Во овој момент, наше семејство треба да биде нацијата. Се додека не го решиме ова, не треба да има кошарка, – дециден е Хауард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни