Поврзете се со нас

Свет

Бербатов му испрати пријателски трансфер совет на Јовиќ и му го препорача идеалниот клуб

Објавено

на

Димитар Бербатов во своето најново обраќање за „Бетфер“ одлучи да му посвети внимание на Лука Јовиќ, талентираниот напаѓач на Реал Мадрид кој никако не може да се пофали дека ужива доверба кај тренерот Зинедин Зидан.

Дури и во ситуација кога Реал Мадрид бркаше резултат на „Аноета“, Зизу не одлучи да му даде шанса на Јовиќ кој остана закован на клупата за резерви, што дефинитивно е доволно јасен сигнал дека Французинот во овој момент воопшто не му верува на 22-годишниот Србин.

Како поранешен врвен голгетер од Балканот кој триумфираше во фудбалска Европа, Бербатов одлучи да го посоветува Јовиќ на 10-тина дена пред крајот на летниот преоден рок, препорачувајќи му дека ќе мора да си замине од Реал и да си пронајде средина во која ќе добива минутажа.

– Навистина многу сум разочаран од тоа како се одвиваат работите за Јовиќ во Реал Мадрид. Ништо не функционира за него, мислам дека позајмица ќе биде најдобар потег за него во овој момент.

– Убеден сум дека Ајнтрахт Франкфурт ќе биде идеално место за него. Тоа ќе биде најдобра дестинација за Лука. Таму има се што му треба за да биде клучен напаѓач, оној што беше пред да дојде во Реал. Таму го обожаваат и ќе му помогнат да биде оној кој беше, – порачува Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни