Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бензема разговарал со Винисиус во тренинг центарот откако беше уловен како зборува лошо за младиот фудбалер

Објавено

на

Карим Бензема се најде во центарот на вниманието откако на натпреварот со Борусија Мехенгладбах беше уловен како зборува против својот соиграч Винисиус Жуниор.

Бензема на својот сонародник Ферлан Менди му кажа да не му додава на Винисиус затоа што фудбалерот не знае што прави на теренот, а ваквиот разговор веднаш беше фатен од камерите во тунелот.

Сега шпанската „Марка“ пренесува дека Карим Бензема во тренинг центарот на Реал Мадрид му пришол на Винисиус и му се извинил за тоа што го кажал.

Французинот се правдал дека тоа го кажал во „жарот на борбата“ и дека не мислел така за младиот фудбалер. Винисиус го прифатил извинувањето и двајцата продолжиле како ништо да не се случило.

Реал Мадрид пред три дена стигна до реми против Борусија Мехенгладбах со голови постигнати во самиот финиш од натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни