Поврзете се со нас

Англија

Бејл и Рехуилон „летнаа“ за Тотенхем со авион во сопственост на Даниел Леви (Фото)

Објавено

на

Тотенхем е многу блиску до потврдување на две огромни засилувања за новата сезона во Премиер лигата и Лига Европа.

Клубот кој на 24 септември ќе стигне во Скопје наскоро ќе ги добие потписите на Герет Бејл и Серхио Рехуилон.

И двајцата утрово пристигнаа на аердромот во Мадрид од каде предмалку полетаа за Лондон со приватен авион во сопственост на првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.

Бејл и Рехуилон пред околу 20 минути го напуштија аеродромот во Мадрид во авоно марка „Ембрарер Легаси 600“ и се очекува да пристигнат во Лондон за околу еден час.

Рехуилон би можел веднаш да биде вметнат во првиот тим на Жозе Мурињо, додека за Бејл наводно е подготвена посебна програма од четири недели според која ќе работи за во подобра форма да се врати во старото јато.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни