Поврзете се со нас

Олимписки игри

Батум за потегот кој го реши полуфиналето: Таква блокада не сум направил од Портланд (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Франција ќе игра во големото финале и златниот медал на Олимписките Игри во Токио.

„Триколорите“ ја продолжија одличната серија на турнирот и во еден супер драматичен меч славеа над Словенија со 90-89. Средбата беше неизвесна до последната секунда, а херој на Французите беше искусниот Николас Батум кој имаше мајсторка блокада над Клемен Препелиќ.

Батум одлично ја прочита играта, остана до крај со Препелиќ и „залепи банана“ која ја однесе Франција на дуел со САД.

-Гледам дека остануваат уште 14 секунди, топката е во рацете на најдобриот напаѓач (Лука Дончиќ) во светот во моментов. Кабаро направи добра промена, Дончиќ ја даде допката, го гледам Препелиќ и си викам „не, не, не“, морам ова да го запрам“.

-Сигурно има пет години откако имам напревено таква блокада од времето додека настапував за Портланд. Знаев дека ќе го имам. Знаев дека ќе го имам. Среќен сум што го доживувам ова и што го носам на Франција. Морав да надокнадам за се што правев некое време, -истакна Батум кој проговори и за престојната борба со Американците.

-Има уште натпревар. Не смееме да ја направиме грешката што ја направивме пред десет години на пример, кога ја победивме Русија и потоа не постоевме против Шпанија во финалето. Нема да биде очигледно. Тоа е тим што го победивме двапати по ред, кој има многу супер sвезди. Не е исто како и пред две недели, тоа е сигурно. Тие го подигнаа своето темпо. Сега е помалку невозможно отколку порано, но ќе биде тешко. Ќе бидат подготвени…. Наше е да бидеме подготвени, да се бориме, заврши членот на ЛА Клиперс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни